Search

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ ја напушти салата во Собранието

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала на денешната седница на која ќе се гласа за распишување на референдум за промена на името.

На почетокот на седницата во салата беа присутни неколкумина пратеници, но во текот на расправата тие излегоа, поради што немаше кој да ги образложи нивните амандмани.

Пратеничката група на опозицијата имаше поднесено два амандмани по однос на одлуката за распишување на референдумот. Парламентарното мнозинство гласаше да не ги прифати.

Треба да знаете
Последни објави