Search

Данчила: Романија ќе ѝ помогне на Македонија за влезот во ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска во Скопје се сретна со Виорика Данчила, премиерка на Република Романија, која нагласила дека Македонија ја има поддршката од нејзината земја за евро-атлантските интеграции.

„Романија е подготвена да ѝ помогне на Македонија со политичка и техничка поддршка“, рекла Данчила, соопшти владината прес-служба.

„Таа нагласи дека е важна поканата од НАТО за членство и изрази очекување за успешен референдум и продолжување по европскиот пат, што изрази надеж дека до крајот на 2019 година ќе резултира со консензус од земјите членки на ЕУ и отворање на точките за преговори“, се вели во соопштението.

Инаку, Романија за неколку месеци ќе го преземе претседавањето со ЕУ во 2019 година.

На средбите претходно меѓу делегациите на двете земји заеднички било констатирано дека постојат можности за унапредување на билатералната соработка низ активирање на постоечките договори и за постигнување нови договори во соработката помеѓу двете држави на повеќе полиња.

Треба да знаете
Последни објави