Search

ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

ГРАДОТ СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

Денеска  на градските гробишта во Бутел, домашни  и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од  катастрофалниот земјотрес во Скопје, што се случи пред 55 години.

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, како и делегација на Советот на Град Скопје.

Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје во далечната 1963 година, дадоа и делегација од Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, делегација од Кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија,  делегации составени од претставници од политичките партии во Република Македонија, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на РМ, делегација на Армијата на Република Македонија, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, како и граѓани на Републикава.

Цвеќиња на гробиштата на загинатите од земјотресот, положија и официјални делегации од странство, меѓу кои: делегација од Соединетите Американски држави, Република Кина, Република Франција, Кралството Холандија, Руската федерација и делегација од Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави