Search

Нови жители во кулата Б во Џевахир Скај Сити

Нови жители во кулата Б во Џевахир Скај Сити

Како и нивните соседи од кулa А во која од месец во месец се намалува бројот на преостанати станови, жителите во Б блок ги имаат иститите поволности на високо организирано колективно домување

Нajголемиот стaнбено деловен комплекс во Македонија Cevahir Sky City  од неодамна значително ја прошири заедницата.

Со отворањето на кула Б, втората од четирите висококатници, на повеќе од 24000 метри квадратни станбен простор нов дом и начин на живот најдоа голем број луѓе.

Како и нивните соседи од кулa А во која од месец во месец се намалува бројот на преостанати станови, жителите во Б блок ги имаат иститите поволности на високо организирано колективно домување.

Почнувајќи од 24/7 рецепција, организирано одлагање на смет и професионален менаџемент , на располагање на новите жители се шест ултрабрзи лифтови, фоаје за станарите, сопствен систем на греење и ладење и модерни подземни паркиралишта.

Станови во кула Б се подеднакво атркативни во  внтрешниот дизајн и градежните елементи како и оние во кула А. Преградните зидови меѓу становите се носиви бетонски платна афасадниот систем едалеку над локалните стандарди. Се состои од бетон со стаклени влакна плус слој кaмена волна и Итонг (Ytong) блокови за внатрешно затворање со што оваа фасада е енергетски многу поефикасна од другите фасади во градот. Ваквите градежни карактеристики дваат одлична звучна изолација во однос стан со стан и високо ниво на термичка изолација што допринесува за економичност.

Како надополна на високо стандардизираниот систем на градење, внатрешна опрема и овде не изостанува.

Станoвите се продадваат со вклучена кујна, плакар во претсобјето и комплетно опремена бања. Сигурноста и безбедноста на жителите се засилени со вградените аларамни системи и  автоматски противпожарни распрскувачи (sprinkler)

Повисоко ниво на посебниот животен стил многу скоро ќе биде достапно за станарите на двете кули со отворање на велнес центарот, теретаната и  базенот.

Сите овие моменти на посебност  во комбинација со атрактивните и достапни цени се очекува да ја забрзаат продажбата на малиот број преостанати станови во кула А и оние од кула Б.

Подетални информации за актуелните понуди можат да се добија во продажната канцеларија.

Треба да знаете
Последни објави