Search

Колач од млади тиквички и ореви

 

Тиквичките се користат за солени јадења, но еве еден пример, како можеме да ги користиме и во колачи како овој.

 

Потребни состојки:

600 грама млади тиквички

50 грама маргарин

3 јајца

100 грама шеќер

150 мл. млеко

100 грама брашно

100 грама гриз

100 грама ореви (мелени и сецкани)

1 пакетче прашок за печење

1 пудинг од ванила

За фил:

300 мл. слатка павлака

50 грама млечна чоколада

50 грама маргарин

100 мл. вода

1 лажица пудинг од чоколада

Подготовка:

Тиквичките изренадајте ги и посолете ги малку, па оставете ги да пуштат вода. Во сад за матење изматете ги јацата со шеќерот, додадете ги млекото и претходно растопениот маргарин, брашното, гризот, оревите, прашокот за печење и прашокот за пудинг. На крај, додадете ги исцедените тиквички. Се заедно добро измешајте и ставете во тавка за печење. Печете 30 минути на 200 степени во загреана рерна.

Подготовка на фил: Во тенџере на оган ставете ги да се варат слатката павлака, чоколадата и маргаринот. Посебно изматете 1 лажица прашок за пудинг од чоколада и вода, па потоа и нив додадете ги во тенџерето со слатката павлака. Варете се додека смесата не ја добие потребната густина. Топлиот фил прелијте го врз изладениот колач, поросете со мелени ореви и оставете го колачот во ладилник да се излади. Изладениот колач исечете го на коцки.

Треба да знаете
Последни објави