Search

Што треба да јадете ако премногу се потите?

За време на високите температури, речиси и да не постои личност која не се поти премногу. Нутриционист  открива начин како да го разладите телото внесувајќи одредени видови на храна и течности.

 

Внесување на витамин Б, бидејќи тој го намалува стресот, кој доведува до засилено потење, како и помалку внесување на алкохол и кофеин. Исто така, треба да се јаде полесна храна и овошје, како грозје и лубеници, за кои е потребно помалку напор да се сварат во организмот.

„Витаминот Б ги регулира хормоните и го држи нивото на стрес под контрола. Често кога се потиме, стануваме нервозни поради потта и дамките кои се појавуваат на облеката. Тогаш, уште повеќе се зголемува температурата на нашето тело, па стануваме анксиозни и подложни на стрес. Целото тоа води до зголемено потење“, вели тој.

Витаминот Б, тука има клучна улога, бидејќи ги поврзува ендокриниот и нервниот систем, кои имаат значајна улога во реакцијата на стресот. Кога сме под стрес, овој хормон работи посилно. Неколку истражувања покажаа дека витамините Б6, Б9 и Б12 помагаат при регулација на нивото на стрес.

Магнезиумот исто така помага во „борбата“ против потењето, бидејќи ако немаме доволно магнезиум и калциум, тогаш нервите губат контрола над отворањето и затворањето на порите, преку кои излегува потта. Магнезиумот помага организмот да се навикне на дневниот стрес.

Кога се потиме губиме доста магнезиум. Тоа доведува до зајакнато потење, па потребно е да се надополни. Јадете темно зелено овошје, ореви и семки, за да ја надополните загубената количина на магнезиум, а јајца на око за да се надополни загубата на витамин Б. Тие се добри за вашиот нервен систем и помагаат во регулирање на потењето.

Јадете овошје и зеленчук за ужина. Уживајте во лубеница, диња, но и краставици, целер и роквица.

Не ја потценувајте моќта на жалфијата, која овој проблем го решава со години.

Жалфијата е природен извор на флавоноиди и плифеноли, што ја прави силно антибактериско средство.

Треба да знаете
Последни објави