Search

Разбојништво на автопат:Видел дека има пари во автомобилот,го застанал ,зел 73.000 евра

Министерството за внатрешни работи поднесе пријава против 30-годишниот И.И., кој на 12 овој месец украл торба со 73 000 евра од автомобил на автопатот Куманово-Скопје.

 

Според информациите на МВР, осомничениот го забележал оштетеното лице на бензинска на автопатот каде што  забележал дека на совозачкото седиште има торба со пари. Кога оштетениот тргнал од бензинската кон Скопје, И.И. го стигнал со своето возило по што му сигнализирал велејќи му дека мора да застане бидејќи десното задно тркало му е оштетено. Откако оштетениот запрел, и И.И. го запрел возилото по што насилно му ја зел торбата со пари и избегал во непознат правец.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, изјави дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави