Search

Кичевец најден мртов во провалија

58-годишен жител на Кичево е пронајден мртов во провалија длабока 50 метри на локалниот пат за с.Речани. На патот над провалијата бил паркиран неговиот автомобил.

Од страна на  противпожарна единица во Кичево лицето било извлечено и од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Треба да знаете
Последни објави