Search

Мајката приведена за претепувањето на нејзиното 14 месечно бебе

Мајката приведена за претепувањето на нејзиното 14 месечно бебе

Мајката на ѕверски претепаното 14-месечно бебе кое три дена е на КАРИЛ со тешки повреди е задржана во полиција, дознава 1ТВ.

Според неофицијални информации, таа е осомничена дека е насилникот кој нанел тешки телесни повреди на бебето. Мајката до доцна попладнето била на распит во МВР, но повеќе детали што се случило, засега нема.

Од КАРИЛ за 1ТВ велат дека бебете е стабилно и подобро од вчера и ќе биде префрлена на детска хирургија. Одреден му е старател – социјален работник кој ќе одлучува за неговата иднина и ќе потпише за евентуални хирушки зафати кои би се вршеле врз него. Мајката и роднините имаат забрана за каков било контакт со бебето.

Треба да знаете
Последни објави