Search

Голема полициска акција во Струга, уапсен директорот на затворот

Голема полициска акција во Струга, уапсен директорот на затворот

Директорот на струшкиот затвор Арменд Шаќири бил уапсен во големата полициска акција за апсење на дилери на дрога која се одвивала во изминатите три дена во Струга и струшките села, потврдуваат од МВР.

Во акцијата биле уапсени повеќе лица меѓу кои двајца од селото Велешта, а осомничен е и еден полициски инспектор кој успеал да избега. Неофицијлано, осомничените биле следени подолго време. Шаќири е осомничен за можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности. Приведените се на распит во Основното јавно обвинителство во Струга.

Како што дознаваме, полицијата била во потрага на осуденикот М.К. осуден за убиство и подоллго време и бегал на правдата, бил уапсен во акцијата, и Х.Р кој се уште е во бегство. Двајцата од порано биле познати како дилери на дрога, а имале поддршка од директорот на затворот во Струга каде дилерите требало да ги одлежат затворските казни. Директорот на затворот Шаќири, ги оставал на слобода криминалците и ги информирале за движењата на полицијата.

Во полициската акција, во селата Ливада и Велешта било пронајдено оружје и наркотици.

Треба да знаете
Последни објави