Search

Алкохолот од денес во продажба без временско ограничување

Алкохолот од денес во продажба без временско ограничување

Од денеска алкохолни пијалоци ќе може да се купат кое било време во текот на денот или ноќта, откако  стапија на сила законските измени за укинување на временското ограничување за купување на алкохол во маркетите.

Собранието на Република Македонија пред десетина дена ги изгласа измените на Законот за трговија, предложени од Владата во мај годинава.

Со законските измени се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските пумпи. Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци.

Треба да знаете
Последни објави