Search

Во најладното место на земјата измерени -97 степени Целзиусови

Екстремно ниска температура измерена е овие денови, што беше шок за многумина, бидејќи го сруши рускиот рекорд.

 

Колку навистина може да биде ладно на Земјината површина? Измерени се дури -97 степени Целзиусови.

Оваа екстремно ниска температура, научниците ја измерија на најладното место на Земјата – на замрзнатата плоча длабоко во средината на Антарктикот и тоа во текот на долга и мрачна поларна зима.

„Тоа е место каде условите за живот на земјата, се најблиски до условите за живот на некоја друга планета“, изјави научник.

Измерената температура изненади многумина, бидејќи вака ниската температура го надмина рекордниот минус измерен на руската станица која е оддалечена околу 1.300 километри од Јужниот пол.

Во 1986 година, руските научници овде измерија температура од минус 88,8 степени Целзиусови, па изненадувањето е уште поголемо, бидејќи температурата е надмината за повеќе од 8 степени во минус.

Треба да знаете
Последни објави