Search

Топло време со температури до 36 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 20, а дневните максимални од 30 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево и топло време со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 34 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок и за време на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота. Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

Треба да знаете
Последни објави