Search

Три најлоши видови на појадоци

Појадокот потребно е да биде најздравиот оброк во денот, односно потребно е да подготвите јадење кое ќе ви понуди доволно хранливи материи, витамини и минерали, за да ви ја дадат потребната енергија.

 

Токму поради тоа, потребно е да бидете многу внимателни, а во прилог прочитајте за трите најлоши видови на појадок кои би требало да ги избегнувате.

1. Овошни пијалаци

Иако можеби ќе помислите дека овошното смути или јогуртот се идеален оброк за почеток на денот, сепак вистината е малку поинаква. Токму соковите, јогуртот од продавниците и смути пијалаците најчесто содржат огромна доза на шеќери, како и адитиви. Точно е дека ќе ве освежат и моментално ќе ви дадат енергија, но набргу и ќе ви ја одземат.

Наместо јогурт и смути ви советуваме да одберете сирово овошје, кое ќе можете да го јадете заедно со житарици. Ова е одличен избор за појадок и за лицата кои држат диета, бидејќи на овој начин ќе го обезбедите вашиот организам со протеински влакна.

2. Пецива

Белите пецива се вообичаен избор за појадок. Колку и да мислиме дека тоа е едноставно решение кое ќе не засити на почетокот на денот, имајте во предвид дека воопшто не е здраво. Имено, поголемиот дел од пекарските производи содржат огромна количина на адитиви, сол и шеќери. Покрај тоа, тие имаат многу сиромашно ниво на хранливи вредности, кои се важни за нормално функционирање на организмот.

3. Мрсен појадок

Мрсната, тешка и калорична храна никако не смее да биде на списокот на здрави појадоци, односно најдобро е што побргу да исфрлите од исхраната појадоци од типот на сланина со јајца, бел леб или салама во сендвич.

Ваков вид на појадок можат да си дозволат луѓето кои работат тешка физичка работа, бидејќи кај останатите големите количини на масти ќе завршат во облик на масно ткиво. Покрај тоа, вашиот организам нема да ги добива потребните витамини и минерали.

Треба да знаете
Последни објави