Search

Синот на Тина Тарнер изврши самоубиство

Крејг Тарнер (59), пронајден е мртов во својот стан во Калифорнија, а обдукцијата покажа дека си го одзел животот.

 

Славната музичарка Тина Тарнер имаше само 18 години кога го роди Крејг, чиј татко е саксофонистот Рејмонд Хил. Кога пејачката во 1962 година се омажи за Ајк Тарнер, тој го посвои Крејг како свој син.

Тарнер во 2013 година се откажа од американското државјанство и од тогаш живее во Европа со својот сопруг Ервин Бах.

Веста за смртта на својот син ја дозна во Берлин, каде присуствуваше на Неделата на модата.

Тина, од порано зборуваше дека злоставувањето кое го доживувала од сопругот Ајк, имало големо влијание врз растењето на Крејг.

„Тој беше емотивно дете. Беше тажен. Се сеќавам дека кога Ајк ме тепаше, Крејг тропаше на врата и ме прашуваше дали сум добро. Тогаш го замолив да не ме удира повеќе дома, за децата да не слушаат“, раскажуваше Тина Тарнер во интервју со Опра Винфри во 2015 година.

Се уште не е познато зошто Крејг изврши самоубиство.

Треба да знаете
Последни објави