Search

Судијата: Да е живо и здраво бебето, но Јанкуловска мора да дојде на суд

Судијата: Да е живо и здраво бебето, но Јанкуловска мора да дојде на суд

Поради породилно отсуство на обвинетата ексминистерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, судот го одложи денешното рочиште за изборните измами во предметот на СЈО, „Титаник”.

Судијата Осман Шабани, им порача на присутните да ѝ пренесат на Гордана Јанкулоска да се појави на 16 август на судење. „Да е живо и здраво бебето“, рече судијата. Претходно, судијата извести дека Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска побарале да се исклучи јавноста кога ќе се слушаат бомбите поради заштита на приватниот интерес, а друг адвокат бара судот да утврди дали СЈО ги прибавило бомбите во согласност со законот за заштита на приватноста.

Јанкулоска по породувањето сѐ уште била во болница, рече нејзиниот адвокат. Таа ќе има 45 дена да биде со бебето, по што на 16 август повторно ќе седне на обвинителната клупа. Судењето не може да почне 3 месеци поради отсуства и процесни приговори.

Треба да знаете
Последни објави