Search

Заев:Акција на МВР значи законот важи за сите,седум дискотеки немаат лиценци за работа

Заев:Акцијата на МВР значи законот важи за сите,седум дискотек немаат лиценци за работа

Има реакции за акцијата на полицијата во акцијата во саботата вечерта кога беа приведени неколку лица и беше извршена контрола во седум ноќни клубови во Скопје, но тоа покажува дека законот важи за сите, рече премиерот Зоран Заев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Премиерот Заев кажа дека никој не зборува зошто било пронајдено оружје без дозвола и дека е најдена дрога.

„Седум дискотеки немаа лиценци за работа. Се пронајдоа пиштол и дрога. И мои пријатели и пратеници од власта реагираа за акцијата. Тоа докажува дека законот важи за сите. Испративме апел забелешки да дадат и сопствениците на објектите и граѓаните на постапките на полицијата. Но, не можете да гарантирате безбедност ако нема внимателен пристап. Акција е спроведена од 47 полицајци. Се работи за огромни маси на граѓани. Во еден објект имаше околу 5 илјади луѓе. Ако има слабост во делот на постапувањето на полицијата тоа ќе биде санкционирано, досега нема доказ за тоа“, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави