Search

Германската влада пред распаѓање, главниот партнер на Меркел понуди оставка

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, си понуди оставка на местото министер и лидер на Христијанско-социјалната унија.

 

Тој се одлучи на овој потег поради несогласувањата со Ангела Меркел околу миграционата политика.

Медиумите пренесуваат дека Зехофер си понудил оставка на состанок на лидерите на партијата, кој бил затворен за јавноста.

Како што е прецизирано, Зехофер се уште официјално нема поднесено оставка и некои луѓе во партијата и понатаму се обидуваат да го премислат.

Зехофер, вчера изјави дека не ја размислува за опцијата за враќање на некои мигранти од германската граница, мерка која го доведува во конфликт со германската канцеларка.

Со овој потег, Зехофер драматично ја влоши и онака тензичната ситуација по повод политиката на Германија кон барателите на азил.

Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата во германската влада, по повод ова комплицирано прашање поврзано за мигрантите.

Треба да знаете
Последни објави