Search

Момче од Британија убиено на плажа во Хрватска

Момче од Британија било убиено на плажа во Новаља, на хрватскиот остров Паг. Сторителот не е познат, но полицијата спроведува истрага со која раководи обвинителството од Задар.

Како што јавуваат хрватските медиуми, телото на момчето било пронајдено на познатата плажа Зрче, пред клуб кој работел цела ноќ, па се проверува дали убиеното момче било гостин на клубот.

Според изјавите на надлежните, на полицијата и е познат идентитетот на жртвата и дека станува збор за помладо момче, но во интерес на истрагата не се изнесуваат повеќе детали за него.

Треба да знаете
Последни објави