Search

Ќерката на Елвис Присли остана без наследството од 100 милиони долари

Лиса Мари Присли (50), ќерката на Кралот на рокенролот, остана без целото наследство што ѝ го остави славниот татко Елвис Присли. Нејзиниот поранешен менаџер наводно го потрошол нејзиниот дел од наследството што се проценува на 100 милиони долари.

 

Британски таблоид објави судски документи што покажуваат дека Лиса го тужи Бери Сигел (68) дека со години ја убедувал дека нејзината финансиска состојба е „стабилна и добра“, а нејзиното богатство се намалило на само 14.000 долари.

Пејачката и композиторка тврди дека додека му било доверено управувањето со наследството на Елвис, Сигел си доделувал годишна плата од 700.000 долари.

Иако од мала живее во богатство и раскош, Лиса имаше живот исполнет со трагедии.

Таа имаше проблеми со злоупотреба на алкохол и лекови за болка, а пред две години се разведе од четвртиот сопруг, музичарот Мајкл Локвуд.

Мајка ѝ Присила и Елвис Присли се разведоа кога таа имаше само четири години.

Кралот на рокенролот почина во 1977 година на 42 години, откако му откажа срцето поради злоупотреба на дрога.

Лиса имаше девет години кога се случи тоа, а таа вечер беше со него на нивниот имот Грејсленд.

„Дојде во мојата соба за да провери дали сум легнала да спијам и ме бакна за добра ноќ. Тогаш го видов последен пат“, раскажа тогаш Лиса.

Таа со години одбива да раскаже што точно се случило таа вечер, а многумина сметаат дека токму малата Лиса го нашла Елвис мртов во бањата.

Треба да знаете
Последни објави