Search

Трагедија во Велес, три деца изгореа во пожар!

Трагедија во Велес, три деца изгореа во пожар!

Три девојчиња на возраст од четири, две, и една година изгореа во пожар што попладнево избувнал во импровизирана куќа, на периферијата од Велес, кај ридот Вршник. Несреќата се случила кога родителите на децата, со уште едно повозрасно дете, ги заклучиле девојчињата дома, и заминале да пазаруваат во најблиската продавница, која се наоѓа на 40-тина минути оддалеченост од нивната куќа. Пожарот го пријавиле родителите, кои враќајки се кон куќата забележале дека гори.

Според информациите добиени од командирот на противпожарната бригата Велес, Љубчо Лепидовски, децата биле поклопени од кровот кој се срушил врз нив. Куќата била трошна и импровизирана дивоградба на социјално загрозено семејство. Пожарникарите успеале првично со едно возило да стигнат до непристапниот терен, но не можеле ништо да направат за трите девојчиња.

Куќата немала ни струја, ни вода, па не се знае што го предизвикало пожарот.

Треба да знаете
Последни објави