Search

Вознемирувачки сцени од Русија: Се запали авионот на Саудиска Арабија пред слетувањето

Вознемирувачки сцени од Русија: Се запали авионот на Саудиска Арабија пред слетувањето

Саудиска Арабија досега го претрпе најтешкиот пораз на Светското првенство, и тоа уште на отворањето на мундијалот кога доживеа вистинска лекција од Русија која славеше со убедливи 5:0.

Фудбалската селекција од средниот Исток комплетно разочара и лутината не ја криеше селекторот Пици кој најави многу промени за вториот меч, но сепак оваа вечер експедицијата на оваа репрезентација доживеа голема непријатност откако се запалило левото крило на авионот пред слетувањето во Ростов, градот во кој го игра својот втор натпревар.

https://twitter.com/ahdaafme/status/1008788666922229765?s=12

Поради технички проблеми на леталото, дошло до дефект и оган на едниот дел, а вистинска среќа е што авионото во тие моменти бил пред сигурно слетување.

– Фудбалската федерација на Саудиска Арабија уверува дека сите фудбалери се безбедни и сите членови на националниот состав се добро по техничкиот дефект на моторот на авинот кој се случи неколку минути пред слетувањето во Ростов, – гласи официјалното соопштение на Федерацијата.

Треба да знаете
Последни објави