Search

Драма во Влае: Му го попречиле патот, го навредувале и физички го нападнале

Драма во Влае: Му го попречиле патот, го навредувале и физички го нападнале

Во 21,00 часот во Полициската станица Карпош Х.Р.(24) пријавил дека околу 16,20 часот на булевар “Партизански Одреди“ во близина на надвозникот “Влајко“ додека управувал возило во кое како сопатник била неговата пријателка во еден момент друго возило му го попречил патот, а лицата кои биле во возилото му упатиле вулгарни зборови.

По кратко време повторно му го попречиле патот во близина на кружниот тек кај Порта Влае и две лица од возилото физички го нападнале Х.Р.

Во полициска станица се приведени Н.Г.(56) и З.С.(54) двајцата од Скопје.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок. 

Треба да знаете
Последни објави