11 годишно дете тешко повредено од удар со автомобил во Скопје

11 годишно дете тешко повредено од удар со автомобил во Скопје

Скопјанец со автомобил удрил во 11- годишно дете и тешко го повредил, завчера во Скопје. Детето веднаш било однесено на Детската хирургија во Клиничкиот центар и според лекарите, детето се здобило со тешки повреди.

Истрагата утврдила дека сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот, на улицата Втора Македонска Бригада. Автомобил „бмв“ што го управувал А.Х. (57) од Скопје, удрил во детето и тешко го повредил. Пoлицијата извршила увид и ги утврдува причините за сообраќајката.

Треба да знаете
Последни објави