Search

Од заменик министер Чакаровски преименуван во национален координатор за здравство

Владата на редовна седница го именуваше гинекологот Гоце Чакаровски за национален координатор за здравство.

Со ова Чакаровски доби нова функција откако претходно беше тргнат од позицијата заменик министер за здравство во рамки на владината реконструкција.

Чакаровски доаѓа од Битола, каде претходно работел како шеф на родилната сала во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Во својата кариера тој бил и претседател на Лекарската комора на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, како и заменик претседател на лекарското здружение на медицински центар–Битола.

Треба да знаете
Последни објави