Search

Децата од училиштето „Иднина“ добија специјализиран автобус

Децата од училиштето „Иднина“ добија специјализиран автобус

Штитениците од Основното училиште за деца со посебни потреби „Иднина“ од Скопје денеска добија нов автобус соодветно опремен и прилагоден, кој ќе се користи за нивен транспорт од домовите до училиштето.

Автобусот е донација од Ротари Клуб Скопје – Центар, со што во голема мерка ќе се олесни секојдневниот живот на штитенците, а дополнително се овозможува креирање нови содржини за нив, покрај редовната настава.

Континуираната поддршка од Ротари Клуб Скопје – Центар е од огромно значење за нас како образовна установа, а посебно за учениците. Со оваа донација значително ќе се подобри и олесни секојдневниот живот на учениците и нивните родители, а истовремено се отвара можност за поголем број планирани активности и дружења надвор од училиштето. Тоа е навистина исклучително, бидејќи досега немавме можности за организација на вонучилишни активности, изјави Благојче Невчевски, директор на ПОУ „Иднина“.

Сппоред Николче Петкоски, раководител на проектот и иден координатор на сојузот на Ротари клубовите од Македонија, проектот е во духот на нивното мото „Служење над себе си“, односно да помагаме онаму каде што е најпотребно.

Донацијата е во вредност од 115.000 евра, и е досега најголема поединечна донација на Ротари Клуб Скопје – Центар. Во текот на 2011-та година организацијатра донираше средства за реновирање на училиштето со што значително беа подобрени условите за престој и работа.

Треба да знаете
Последни објави