Search

Државниот врв на ифтарска вечера организирана од ТИКА и Турската амбасада

Државниот врв на ифтарска вечера организирана од ТИКА

Турска агенција за соработка и координација – ТИКА, под покровителство на Амбасадата на Република Турција во Скопје, вчера организираше ифтарска вечера во хотел Александар Палас.

Различни вери, заедници и култури се собраа на ифтарска вечера на една маса.

Присутни гости беа Претседателот Ѓорги Иванов со неговата сопруга Маја Иванова, Амбасадорката на Република Турција Тулин Еркин Кара, Министерот за странски инвестиции Аднан Кахил, Министерот без ресор Аксел Мехмедовски, Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари и други гости од државниот и партискиот врв.

Претседателот на југоисточна европа на ТИКА се обрати на ифтарската вечера Махмут Чевиќ и истакна дека од 2005 година ТИКА инвестирале 70 милиони евра во Македонија и продолжуваат да инвестираат и понатака.

Амбасадорката на Турција Кара во својот говор истакна дека набрзо на посета на Република Македонија ќе дојде претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави