Search

Жерновски пречекан од Димитров во МНР

Жерновски пречекан од Димитров во МНР

Поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски денеска пристигна во МНР каде треба да ја преземе позицијата заменик-министер за надворешни работи.

Таму го пречека шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров

„Чест е да се биде во тимот на министерството со најголем рејтинг кај граѓаните“, напиша Жерновски на Фејсбук.

Минатата година, непосредно пред локалните избори Жерновски премина во редовите на СДСМ, а во март годинава стана и член на Централниот одбор на социјалдемократите.

Треба да знаете
Последни објави