Search

Нападнат таксист во Скопје

Нападнат таксист во Скопје

Таксистот Љ.С. (37) од Скопје синоќа околу 1 часот бил физички нападнат од три непознати лица на улицата „519 во скопската населба Керамидница.

Како што информира МВР, Љ.С. добил дојава да земе патници од улицата „519“ и кога пристигнал ги прашал трите непознати лица дали се тие лицата што повикале такси по што бил физички нападнат.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави