Search

Вооружен грабеж вечерва во Тинекс

Вооружен грабеж вечерва во Тинекс

Вооружен грабеж се случил вечерва во маркетот „Супер Тинекс“ во општина Карпош во близина на Драмскиот театар, јавува Инфомакс.

Од МВР ја потврдиле информацијата, но не дали повеќе детали кои би можеле да наштетат на истрагата која е во тек.

Според информаци на порталот, едно лице со нож и електро шок влетало во канцеларијата на шефот на маркетот, го побарал прометот, но вработените веќе го вклучиле алармот, поради што брзо интервенирала полицијата и приватното обезбедување. На лице место пристигнале екипи од единицата „Алфа“, но крадецот успеал да побегне.

Треба да знаете
Последни објави