Search

Повредени двајца полицајци од дрвокрадци

Повредени двајца полицајци од дрвокрадци

На патот Прилеп-Битола вчера полицајци забележале патничко возило „опел омега” со велешки регистарски ознаки кое било натоварено со огревно дрво.

Тие се обиделе да го сопрат возилото, но возачот ја зголемил брзината и притоа повредил двајца полициски службеници. Набргу потоа, возилото било запрено од друга полициска патрола, при што било констатирано дека го управувал Б.Ј. (30) од Прилеп.

Тој бил приведен во полициската станица Прилеп, а повредените полициски службеници биле пренесени во болницата во Прилеп. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица Прилеп. Од страна на јавен обвинител на Б.Ј. му била изречена мерка притвор.

Треба да знаете
Последни објави