Search

Три лица фатени како оштетуваат возила паркирани кај дискотека во Градски парк

Три лица фатени како оштетуваат возила паркирани кај дискотека во Градски парк

Вчера во 02.30 часот, кај дискотека во Градски парк, полициски службеници ги забележале лицата К.П. (23), М.С. (21) и Н.В. (20), сите од Скопје, како се движат и со нозе удираат по паркираните возила и ги оштетуваат.

Полициските службеници се упатиле кон нив за да ги спречат. Кога ги забележале полициските службеници, лицата почнале да бегаат. Полициските службеници успеале да ги стигнат, по што лицата биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави