Search

Осум жени го обвиниле славниот глумец за сексуално злоставување

Осум жени го обвиниле славниот глумец за сексуално злоставување

Осум жени го обвинуваат познатиот актер Морган Фримен (80) за несоодветно однесување и сексуално злоупотребување, јавува Си-Ен-Ен.

Обвинувањата се појавија денеска кога неименувана жена и кажала на телевизијата Си-Ен-Ен дека таа била злоупотребена од актерот во 2015 година кога работела како асистент на продукција за снимањето на комедијата „Going in Style”, во која, покрај Фримен, глумат Мајкл Кејн и Алан Аркин.

Жена тврди дека Фриман чест несоодветно ја допирал и дневно коментирал за нејзиното тело и облека.

Фримен во еден момент, вели таа, се обидел да и го подигне здолништето и испитувал дали носи долна облека. Жената напоменува дека Аркин му рекол на колегата  да престане до тоа.

Телевизијата Си-Ен-Ен наведува дека разговарала со 16 луѓе за однесувањето на Фриман, од кои осум тврдат дека биле негови жртви.

Треба да знаете
Последни објави