Search

Зошто членовите на кралското семејство не го користат нивното презиме?

 

Членовите на кралското семејство се познати насекаде низ светот и годишно привлекуваат многу туристи во нивната татковина Велика Британија. Но, веројатно не знаете дека тие немаат официјално презиме, туку се познати како семејството Маунтбатен-Виндзор.

На 17 јули 1917 година, кралот Џорџ V одлучил дека семејното презиме ќе биде Виндзор и сите претходни презимиња ќе бидат заменети со тоа.

Пред да дојде оваа измена, кралското семејство на Британија се презиваше Саксе-Кобург и Гота, а двете презимиња имаат германско потекло. Оваа измена се случи бидејќи дотогаш членовите на кралското семејство го преземаа презимето кое го носеше нивната семејна династија, а најчести примери беа Тудор, Јорк и Стјуарт.

Анти-германското движење кое траеше и по крајот на Првата светска војна го натера кралот Џорџ да го замени презимето со некое кое би било поприфатливо за просечниот Британец, па затоа беше донесена одлука дека оттогаш презимето на семејството ќе биде Виндзор. Ова презиме стои и ден денес, а мала модификација на него беше направена по бракот на кралицата Елизабета и принцот Филип, кој тогаш беше познат како Филип Маунтбатен, па презимето беше сменето во Маунтбатен-Виндзор.

Веројатно се прашувате зошто никогаш претходно го немате сретнато ова презиме кога се зборува за британското кралско семејство, туку наместо тоа на членовите им се обраќаат со „Ваше Височество“. Тоа е затоа што на ниту еден член од кралското семејство не му е потребно презиме, па тоа е скоро целосно исфрлено од употреба.

Тие можат да го користат презимето Маунтбатен-Виндзор доколку навистина има потреба од тоа, како на пример кога одат во војска или пак при запишување во училиште.

За работите да бидат уште покомплицирани, некои од членовите на кралското семејство одбираат наместо презиме да користат географска одредница. Па така на пример, кога принцот Хари и принцот Вилијам отслужуваа војска тие беа познати како Хари и Вилијам Велс. Зошто е тоа така? Бидејќи нивниот татко е принцот од Велс.

„Доколку принцот од Велс не реши дека ќе го смени неговото презиме откако ќе стане крал, тогаш кралското живеалиште ќе продолжи да се вика Виндзорска палата, а семејното презиме ќе биде Маунтбатен-Виндзор“.

Треба да знаете
Последни објави