Search

Водителка во Кувајт суспендирана поради даден комплимен

Водителка во Кувајт суспендирана поради даден комплимен

Водителка на национална кувајтска телевизија е суспендирана откако еден од своите колеги во емисија го нарече згоден.

Таа за време на преносот од изборите му дофрли на колегата дека треба да престане да ја мести марамата, бидејќи и онака е веќе згоден.

Иако многумина застанаа во одбрана на водителката сметајќи дека шегата била ненамерна и таа погрешно се изразила, сепак таа предизвика гнев кај нејзините претпоставени.

Дел од јавноста смета дека казната е преголема, но според други санкцијата е сосема оправдана.

Водителката е привремено суспендирана, а поради оваа изјава може да остане и без работа.

Треба да знаете
Последни објави