Владимир Кличко и неговата сопруга се еден од најчудните познати парови

Владимир Кличко и неговата сопруга се еден од најчудните познати парови

Според податоците во медиумите таа е висока околу 153 сантиметри, а тој околу 208 сантиметри и оваа разлика не им е пречка да бидат еден од највљубените познати парови.

Украинскиот боксер Владимир Кличко (42) и американската актерка Хејден Пенетијер (во август 29) се еден од најчудните познати парови. Двократниот светски шампион и наградуваната холивудска актерка се заедно повеќе од 9 години.

Во 2014 година тие ја добија ќерката Каја, а и покрај разликите тие изгледаат како да се создадени еден за друг.

Се разбира, имаа и потешкотии и кога беа разделени две години Кличко губеше во борбите и се соочи со депресија.

И покрај разликата од 13 години и околу половина метар во висина, тие се пример за вљубен пар.

Успехот привлекува успех, а овој пар е доказ за тоа. Кличко имаше само 4 порази во 68 борби и 10 години ја имаше титулата светски шампион, сè додека не изгуби од Тајсон во 2016 година. Се пензионираше во 2017 година. Најважната победа му е олимпиското злато за Укранина во 1996 година.

Хејден во 2012 година имаше номинација на Златни Глобуси за најдобра споредна улога. Со години ја гради својата филмска кариера и има 8 награди зад себе.

Треба да знаете
Последни објави