Search

В недела сите на Водно на „Прв до врв“

В недела сите на Водно на „Прв до врв“

В недела на 20 мај ќе се одржи шестото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2018“ на скопско Водно.

И годинава најавени се трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, а по завршувањето на трките, предвидена е музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9.45 часот кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште „Кочо Рацин“ за оние што ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

Оваа година се очекува да учествуваат над две илјади натпреварувачи со најголем број учесници од странство досега.

Пријавувањето за учество е сè уште отворено преку веб-страницата www.prvdovrv.mk. Регистрираните учесници ќе може да ги подигнат своите стартни пакети в четврток, петок и в сабота на плоштадот Македонија, а оние што доаѓаат од другите градови и држави тоа ќе може да го сторат и в недела на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ „Кочо Рацин“.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Град Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

Треба да знаете
Последни објави