Search

Украден автомобил од паркинг во скопска Кисела Вода

Украден автомобил од паркинг во скопска Кисела Вода

Вчера рано науто, во 07 часот и 45 минути во Полициската станица Кисела Вода, 55- годишниот Т.Ј од Скопје пријавил дека му е украдено возилото.

Имено во периодот од 22.00 часот на 15 мај до 06.30 часот на 16 мај од паркинг на улица „Димо Хаџи Димов“, од страна на непознат сторител му било одземено неговото патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, кое било незаклучено и со оставен клуч на бравата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави