Search

Судијката Бегтовиќ ги штити од камери Мијалков и обвинетите во „Таргет”

Судијката Џенета Бегтовиќ, како претседател на судискиот совет, не им дозволи на медиумите да ги снимаат Сашо Мијалков и останатите обвинети во „Таргет-Тврдина”.

Иако медиумите приложија уредни дозволи издадени од Врховниот суд, судијката Бегтовиќ, без никакво образложение не дозволи снимање.

Во добиените решенија до медиумите, воопшто не постои можност судијката да одлучува дали да има снимање, туку само тоа да го ограничи во одредени делови. Ова самоволие и непочитување на решенијата на Врховниот суд го поставува прашањето за одговорноста на судијката и за почитување на Законот за кривичната постапка и Судскиот деловник.

Треба да знаете
Последни објави