Search

Извадете му пасош на миленикот, за да го носите со себе на патување

Доколку сакате својот домашен миленик ( куче или маче) да го изнесете преку граница, тогаш и за него треба да имате пасош. Ова е правилник кој го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Станува збор за официјален документ, каде што јасно се наведени податоците за миленикот, негов прецизен опис, идентификациски број, односно микрочип или тетоважа.

Ако одлучите со вашето милениче да патувате во земјите членки на Европска Унија, тогаш тоа треба да поседува пасош во кој ќе биде впишанавакцината против беснило, која мора да биде извршена од стручно лице што ја гарантира валидноста и квалитетот на вакцината. Според стандардите на Светската здравствена организација, вакцината мора да биде неактивирана и мора да содржи најмалку една антигенска единица во една доза.

Доколку пак одлучите да патувате во Англија, Ирска или пак Шведска, тогаш за вашиот миленик следи карантин, но тука има исклучок за миленици кои ги исполнуваат условите за да можат да влезат во Европска Унија.

Овој закон предвидува и исклучок, кој ќе важи за привилегирани земји кои не се членки на Европска Унија, од каде што може да се испраќаат невакцинирани животни што се стари само до три месеци.

Ветеринарот е должен 24 часа пред патување да издаде сертификат за патување, каде што се потврдува дека животното е во добра здравствена состојба и дека слободно може да патува.

Ако сакате да патувате со својот миленик, тогаш мора да му извадите пасош.

Постапка за вадење на пасош

Миленикот најмалку еден, а најмногу шест месеци треба да има примено вакцина против беснило.Потоа се зема крв од миленичето и се испраќа во овластените лаборатории на земјите на Европската Унија кои добиле дозвола од Советот на Европската Унија. Откако овие анализи ќе бидат позитивни, односно дека миленикот не е опасен за патување, тогаш тие го испраќаат пасошот. Вадење пасош за вашиот домашен миленик ќе ве чини околу 100 евра.

Според законските постапки, доколку вашиот миленик не ги исполнува условите за патување, тогаш тој ќе биде задржан од страна на пограничните служби, кои ќе бидат должни да го вратат дома или пак да го стават по карантин, и тоа се на трошок на сопственикот.

Треба да знаете
Последни објави