Search

Во амбалажа од сок полицијата му нашле дрога, приведен скопски дилер (18)

Во амбалажа од сок полицијата му нашле дрога, приведен скопски дилер (18)

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Т. (18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 13 мај годинава околу 14:20 часот на улицата „Маџари 2” во Скопје,  полициски службеници при преглед на Т.Т. пронашле и одзеле 196,4 грама марихуана.

При претрес, пак, на домот на Т.Т. се пронајдени и одземени шише со непозната течност и цвет од непознато растение.

Треба да знаете
Последни објави