Влатко Ѓорчев ќе сведочи за обидот за убиство на Зијадин Села

На денешното рочиште за обидот за убиство на лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села треба да сведочи пратеникот Влатко Ѓорчев. Поканет да сведочи е и премиерот Зоран Заев.

Двајцата требаше да дојдат и на минатото рочиште, но Заев не се појави во судницата во кривичниот суд поради работни обврски, додека поканата на Ѓорчев ја примила неговата куќна помошничка.

На претходните рочишта беа прикажани снимки од прес-центарот од безбедносните камери во Собранието и од камерите на медиумите. За обидот за убиство на Села обвинети се вкупно десетмина и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.

Треба да знаете
Последни објави