Tешка кражба во пошта, влегол од прозорец и од касата одзел 98.840 денари

Tешка кражба во пошта, влегол од прозорец и од касата одзел 98.840 денари

Ноќта меѓу 11-ти и 12 мај од 16.30 до 7 часот во поштата во тетовското село Шемшево непознат сторител извршил тешка кражба.

Со употреба на сила ја отстранил металната решетка од прозорецот и влегол во поштата.

Од касата одзел 98.840 денари по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Треба да знаете
Последни објави