Search

Инцидент со Митко Чавков во струмичка кафеана

Инцидент со Митко Чавков во струмичка кафеана

Струмичанец бил нападнат од друштвото на поранешниот министер Митко Чавков во кафеана во близина на Колешинските водопади, потврдија за Телма извори од истрагата.

Инцидентот се случил околу 18 часот во Подгорски ан, таму струмичанецот бил физички нападнат од 4 лица меѓу кои според пријавата на оштетениот имало и инспектори од СВР Струмица. Напаѓачите го удирале по телото, го легнале на земја и му ги свиткале рацете.

Напаѓачите биле во друштво на екс министерот Митко Чавков, кој на жртвата му се обратил со зборовите „што ме сликаш“.

Тој и неговото друштво го напуштиле угостителскиот објект и со три автомобили си заминале.

Инцидентот се истражува.

Митко Чавков е 6-то обвинет за крвавиот четврток и собраниските насилства на 27-ми април. По понудена гаранција во имот вреден неколку стотици илјади евра беше пуштен од притвор.

Треба да знаете
Последни објави