Search

Вработени во ТВ Нова бараат стечај за телевизијата на Сеад Кочан

Вработени во ТВ Нова бараат стечај за телевизијата на Сеад Кочан

43 вработени и поранешни вработени во Телевизија Нова покренaa претстечајна постапка за неисплатени 7 плати, од октомври наваму.

„Во моментот бараме законска заштита, но во интерес на процесот не би можеле да ви изнесеме повеќе детали. Се соочуваме со пречки и затворени врати, но сме одлучни во барањето за своите права. Досега неколкупати во Телевизија Нова се правеа состаноци каде што менаџментот ветуваше исплаќање на плати, но од октомври наваму немаме земено ниту денар“, велат дел од  вработените на ТВ Нова.


Тие објаснуваат дека се соочуваат со притисоци да потпишат спогодбен отказ. Неколкумина колеги биле одјавени без воопшто да бидат известени. Според вработените, во ТВ Нова влегле инспектори на трудовата инспекција и Управата за јавни приходи. „Каде без плати, уште ние ќе плаќаме за да ја истераме правдата. Ќе одиме до крај за реализација на нашите права за плати и придонеси“. Велат дека тоа е уште еден пример од морето сопственици кои ги злоупотребуваат правата на вработените. „Време е државата да покаже дека ги штити работниците, не само на хартија, туку и на дело“, додаваат тие.

Треба да знаете
Последни објави