Search

Почна разубавување и реконстукција на тротоарите во Бит Пазар

Почна разубавување и реконстукција на тротоарите во Бит Пазар

Од денес почнаа работите за реконструкција и уредување на булеварот во Бит-пазар. Во овој дел предвидено е да изгради такси-станица, патека за минувачи, зелена површина и станица каде ќе можат да застанат автобусите со туристи кои ќе ја посетуваат Старата скопска чаршија.

Дополнително, се планира да се уредат и осветлат пасажите во Старата скопска чаршија.

Во меѓувреме веќе започна изградбата на модерниот Бит пазар, ќе трае 14 месеци, а во него ќе се смести и цветниот пазар. Едно од можните решение на дивите трговци е нивно сместување во рамки на новиот пазар.

Треба да знаете
Последни објави