Кога е најдобро време да ги пратите децата на спиење?

Децата имаат многу енергија, постојано се неуморни и се лутат кога ќе им се каже дека сега е време за спиење.

Но, иако неколку часа сон може да биде безначајна загуба, на долги стази, сепак, многу е лошо да им се крати сонот на децата.

Нивниот когнитивен, емоционален и физички развој има голема корист од порано легнување во кревет.

Но, колку порано?

Едно педијатриско истражување,  покажуа дека идеално време за легнување во кревет за децата е од 18 до 21 часот.

Децата на возраст од 7 до 11 години, кои си легнувале еден час порано пет дена во неделата, биле многу повнимателни и помирни.

Од друга страна,18-месечните деца покажаа многу подобри моторички функции и говор кога оделе на спиење пред 22 часот.

Сепак, тоа не значи дека секое дете мора да оди во кревет во 18 или 19 часот.

Возраста, распоредот и училиштето влијаат на тоа колкава количина на сон им е потребна.

Педијатарот Мелинда Венер Мојер, тврди дека најдобриот начин да дознаете кое време е идеално за вашето дете да го испратите на спиење е да го пратите на спиење 20 минути порано од обично и да видите што ќе се случи.

Ако веднаш заспие, веројатно нема проблем со тоа и порано да оди во кревет.

Треба да знаете
Последни објави