Search

Иранските пратеници го запалија американското знаме по одлуката на Трамп

Еден ден по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од нуклеарната спогодба со Иран, пратениците од Техеран запалија американско знаме од хартија во парламентот.

Пратениците извикуваа “Смрт за Америка”, и изгореа парче хартија кое симболично го претставува нуклеарниот договор.

Трамп во вторникот објави дека САД се повлекуваат од нуклеарен договор со Иран и дека ќе воведат санкции против Иран, и тоа од “највисок степен”.

Тој додаде дека и други земји би можеле да бидат санкционирани.

Според американскиот претседател, нуклеарниот договор со Иран требаше да ги заштити САД и сојузниците, но дозволи Иран да продолжи да го збогатува ураниумот.

Треба да знаете
Последни објави