Search

Адвокатот на Трамп добил половина милион долари од руска компанија

Адвокат на порно ѕвездата Сторми Даниелс во вторникот изјавил дека личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, добил 500 илјади долари од страна на компанија, поврзана со руски олигарх кој минатиот месец бил ставен под американски санкции.

Преку твит и пишан извештај, адвокатот на Даниелс, Мајкл Авенати, изјавил дека компанијата контролирана од страна на Виктор Векселберг, бизнисмен поврзан со рускиот претседател Владимир Путин, му ги исплатила средствата на Коен.

Сепак, останува нејасно како Авенати знаел за исплатите на Коен. Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, претходно неколкупати изјави дека во октовмри 2016 година, Коен и исплатил 130 илјади долари поткуп за да молчи во врска со наводната афера којашто во 2006 ја имала со Трамп.

Најновите обвинувања го зголемуваат притисокот врз Коен, чии куќа, канцеларија и хотелска соба беа претресени од страна на ФБИ пред еден месец, како дел од истрагата во врска со наводниот поткуп и останатите сомнителни бизнис зделки.

Треба да знаете
Последни објави