Search

Автобус се запалил утрово близу Гостивар, нема повредени

 Автобус со скопски регистерски таблици, кој се движел кон Охрид, се запалил  утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево, а ниту еден од патниците не е повреден.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил утрово околу 09,20 на магистралниот пат Гостивар-Кичево,  кога автобусот со кој управувал К.М.(51) од Скопје, се запалил во пределот на моторот, по што запрел и од него излегле сите патници.

– Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, нема повредени, посочуваат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави